Имплантологија
Имплантологијата е гранка во стоматологијата посветена на денталните импланти кои се артифицијални “корени” назабите и ги заменуваат изгубените заби. Интересот за овој пристап на надокнадување на заби е доста голем и популарен помеѓу народните маси, но сепак пред да се одлучите за поставување имплантит реба да знаете дека процедурата е доста поскапа во однос на фиксните или мобилни протези а важен предуслов е и здравјето на коскениот гребен, густината како и неговата висина, ширина и дебелина. Првично изработуваме ортопан-томографска снимка на пациентот и ја анализараме, а потоа за едно со консултација и клинички преглед од орален хирург, носиме крајна одлука. Ставот на нашата ординација е дека имплантологијата како услуга бара големо искуство, рутина и познавање што значи и голема одговорност која ние сме ја презеле за секој поставен имплант досега и ќе ја преземеме и во иднина. Нашата намера е да изградиме пријателски однос со секој пациент и се радуваме заедно на нивната намсевка. Имплантни системи кои ние ги користиме се: Straumann, Schutzи Biohorizons. Во согласност со потребата од поставување на импланти на места кај што нема доволно коска, вршиме и аугменрација (додавање) на вештачка коска.