Протетика
Протетиката е гранка на стоматологијата која се бави со надокнадување на изгубените цврсти и меки ткива во усната шуплина со помошна протетски помагала (коронки, мостови и протези) со цел да се вратат нормалната функција и изглед на забите при џвакање и говор како и овозможат подобрување на општото здравје. Изработуваме три типа на протетски помагала кои се разликуваат во начинот на прицврстување и материјалот за изработка:
фиксни (трајно се фиксираат на преоостанатите заби), мобилни (не е потребна дентална интервенција за ставање и вадење) и комбинирани (дел од протезата е трајно фиксирана а другиот дел е мобилен). Протетиката им помага на пациентите да се рехабилитираат од загубата на забите, да го поправат неправилниот загриз и да ги доведат забите во правилен распоред. Ние се залагаме да се насмеете со самодоверба.dge.
- Фиксна протетика (коронки и мостови)
- Мобилна протетика (протези)
- Фиксномобилна протетика (визил протеза со и без атачмени)