Орална хирургија
Од областа на оралнахирургија, во нашата ординација може да ги добиете следните хируршки интервенции:
- Вадење заби и заостанати и фрактурирани корени (вообичаено и комплицирано)
- Лекување инфекции
- Хируршко вадење на импактирани заби (рутински оперативен зафат на екстрахирање или вадење на заби, најчесто умници кои поради недостаток на простор или неправилна позиција не можат правилно да излезат (никнат)
- Екстирпација на вилични цисти (цистектомија)
- Хируршко затворање на синус (синуспластика)
- Хируршко подигнување на синус (хирушка постапка со која се додава коска во горната вилица во пределот помеѓу вилицата и максиларниот синус.)
- Отстранување на тумори од вилица и меки ткива со микробиолошко проследување
- Кортикотомија (зафат кој се и зведува кај пациенти чии заби не се никнати и не се гледаат во забниот низ, но постојат некаде во горната и долната вилица)
- Апикотомија (хируршка интервенција каде се отстранува врвот од коренот на зафатениот заб заедно со патолошките процеси како циста или гранули и се изведува само доколку забот неможе да се излечи со класична ендодонција. Останатиот дел од коренот останува и така се продолжува векот на забот.)